zelencuci

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во третото тримесечје од оваа година, се зголемени за 1,2% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11,6%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 21,9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули, додека во август и септември е забележано опаѓање.

email