morkovi-pexels

Фото: Pexels

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во второто тримесечје од оваа година, се зголемени за 11,8% во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 8,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 30,9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување е забележано кај: градинарските растенија, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите три месеци од второто тримесечје.

email