moneti-zgolemeni-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви август оваа година беа на ниво од 2.275.400.000 евра, што е за 2,1 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

На крајот на август минатата година, државните девизни резерви имаа вредност од 2.676.600.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на август достигнаа 1.843.400.000 евра. Еден месец претходно, оваа сметка имаше салдо од 1.840.700.000 евра, додека во август лани беа евидентирани 2.091.600.000 евра.

Валутите и депозитите, на крајот на минатиот месец, беа на ниво од 185.200.000 евра или 4,1 милиони евра помалку во однос на јули. Во август минатата година, оваа ставка од девизните резерви имаше вредност од 322.600.000 евра.

Монетарното злато со коешто располага државата на крајот на август имаше вредност од 242.500.000 евра, додека еден месец претходно чинеше 239.000.000 евра.

email