glavna

Националниот парк Жанџиај во Кина е познат по своите високи камени врвови и длабоки долини.

nacional-park1

Шумата со масивни камени столбови е совршена инспирација за фотографите, но исто така сите скици за пејзажите на замислениот универзум Пандора за филмот Аватар беа направени овде.

nacionalen-park-2

При посетата на овој национален парк ќе се чувствувате како да сте на друга планета. Ридовите обвиткани со зелени стебла се главна атракција на посетителите. Маглата што ги обвиткува стрмните планини создава впечаток како тие да лебдат над земјата.

zicara

Во оваа глетка може да уживате преку возење на жичара што вози до врвот на планините.

staklo-most-glavnaНа планината Тианмен, на висина од 1.430 метри, направен е мост од издржливо стакло кое на посетителите им пружа впечаток дека одат по небо. Широк е само два метри, а се протега на должина од 60 метри.

most

Во овој национален парк се наоѓа и Yellow Dragon Cave, една од најубавите пештери во Кина. Легендата вели дека таму живее жолтиот змеј, а во неа има илјадници сталактити и сталагмити стари милиони години.

pestera

email