cokolado

Францускиот бренд zChocolat, познат по своите прекрасни премиум луксузни пакувања на чоколади, ја претстави својата Божиќната колекција. Holiday Sapphire Gold кутијата содржи 15 чоколатца со различен вкус за коишто се употребени 28 ливчиња злато што може да се јаде и вреди 400 евра. Тие се спакувани во луксузна дрвена кутија со изрезбана елка на капакот.

cokoladna-kutija

Во нивната понуда спаѓаат и Holiday Sapphire Gold Box, што содржи само едно чоколатце обвиткано во злато што се јаде, меѓу останатите 14 што ги добивате во пакувањето и изнесува 102 евра. Radiance Box чини 260 евра и во неа има 168 пралини што не се обвиткани со злато.

kutija

Дизајнерот на ова слатко дело е францускиот мајстор за чоколади Пасквал Кафет.

zChocolat во производството на чоколадите користи врвни состојки како какао, мал процент на шеќер, француски путер, бадеми и лешници и не користи никакви адитиви.

zlato

email