happy-worker-2

Фото: Pexels

Секогаш кога имате позитивен став на работното место и размислувате позитивно тоа ќе се одрази и на она што го работите, правејќи ве одличен работник. Бројни истражувања покажале дека позитивниот став ви ги зголемува шансите за успех. Еве зошто:

Вашиот став е начинот на кој се претставувате себеси. Можете да одлучите да бидете среќни, позитивни, оптимисти, или, пак, можете да изберете дали ќе бидете песимисти и на тој начин да влијаете врз работната околина. Позитивното мислење и добриот став многу ќе ви помогнат полесно да ги поднесете стресните ситуации на работа, а значително ќе ви ја олеснат и комуникацијата со вашите колеги.

Оние кои се согласуваат да волонтираат пред да бидат вработени, а притоа се љубезни и секогаш подготвени да помогнат на колегите или да останат прекувремено, се вработуваат полесно и брзо напредуваат во хиерархијата на компанијата.

Секогаш кога треба да презентирате нешто пред шефот или колегите, задржете го позитивниот став и уште пред да започнете со презентацијата, надевајте се на позитивен исход. Притоа, не заборавајте да ја пофалите и одлично завршената работа на вашите колеги. На тој начин ќе им се допаднете на своите соработници, а ќе ја одржите и мотивацијата на повисоко ниво.

Дури и кога ви се чини дека компанијата се распаѓа или колегите не ве поднесуваат, повторно размислувајте позитивно. Наместо тоа, предложете начини како да се крене расположението во групата како на пример, заеднички ручек, забава или искачување на планина. Кога духот на тимот ќе се сплоти, продуктивноста ќе биде повеќекратно зголемена, а вие ќе станете омилениот колега.

Со негативниот став, кавгите и високиот тон ништо нема да постигнете. Покажете дека сте тимски играч, покажете трпение и разбирање. Ако имате позитивен став никој нема да се осмели да ви се спротивстави.