talk

Фото: Pixabay

Кога не правите презентација пред инвеститори или вашиот тим како претприемач, обидете се поминете повеќе време во слушање. Не може да научите нешто ново додека зборувате. Градењето бизнис е и градење на односи, а еден од најважните елементи е комуникацијата. Комуникацијата не постои ако двете страни не ја практикуваат уметноста на ефективно слушање.

Слушањето е неопходно ако сакате да бидете препознатливи по вашата добра услуга или производ. Еве како можете да ги решите проблемите на вашите клиенти.

Слушајте ги клиентите

Слушањето на клиентите и дознавањето што им е потребно треба да биде ваш приоритет. Бизнисот е градење на врски во два правци. Ако сте сопственик на мал бизнис и директно ги познавате вашите клиенти само треба да ги прашате неколку прашања, а потоа да престанете да зборувате. Оставете ги да зборуваат и внимателно слушајте. Земете забелешки, а потоа понудете план за тоа како можете да им помогнете.

Ако немате директен пристап до клиентите можеби ќе треба да работите потешко, но сѐ уште има многу начини да слушате, почнувајќи од социјалните медиуми. Со следење на вашите клиенти на социјалните канали можете да дознаете од прва рака како тие го живеат својот живот.

Слушајте ги вработените

Вработените може да знаат и повеќе од вас, тие се секогаш на фронтот и знаат што се случува. Понудете им различни форми на комуникација со вас. Може да биде виртуелно и лично. Испратете им анкета што треба да ја пополнат за да го дознаете нивното мислење, знаење и грижи со кои се соочуваат.

Слушајте ги вашите конкуренти

Исто така, слушајте ги вашите конкуренти. Тие се уште еден моќен извор на информации и можат да ви дадат нова, поинаква перспектива. Без разлика дали тие се еден чекор пред или зад вас, обрнете внимание на она што го прават на пазарот. Анализирајте го она што (не) го прави за да можете да ги примените нивните лекции за вашиот бизнис.

Постојат многу начини за да ги следите и слушате вашите конкуренти и секако социјалните медиуми може да ви бидат најдобро оружје. Следете ги социјалните канали на вашите конкуренти и ќе добиете поглед не само во нивната маркетиншка активност, туку во начинот на којшто тие комуницираат со своите клиенти, а уште поважно, како нивните клиенти комуницираат со нив.

email