business-1989126_960_720

Фото: Pixabay

Повеќето компании се фокусираат на производство на нови производи или подобрување на нивната служба за корисници. Тоа има витална улога во континуираниот успех за бизнисот, но сепак важно е и фокусирање на вработените. Создавањето на мотивирачка работна средина, емпатија, заеднички цели и идеи со вработените ја зголемува продуктивноста и успехот. Ако сакате вработените да останат со вас треба да им покажете дека се грижите. Еве како фокусирањето на вработените може да го промени вашиот бизнис.

Дајте им слобода на вработените

Еден од најдобрите начини да ги охрабрите вработените е да им дадете поголема одговорност. Кога им давате можности, им давате слобода да ги искористат своите вештини и знаења помагајќи да се чувствуваат повеќе поврзани со нивната работа. Кога им давате на вработените слобода да ги постигнат своите цели им помагате професионално да се развиваат.

Покажете дека ги цените

Никогаш не се однесувајте со вработените како да ги поседувате. Ако се однесувате така, тогаш ќе ги изгубите. Кога манифестирате почит и емпатија, тие се чувствуваат добро да работат за вас. Колку добро или колку лошо вработените ги третираат вашите клиенти во голема мера зависи од тоа како вие ги третирате вработените. Ако добро се грижите за своите вработени тие ќе се грижат за клиентите, а тоа резултира со добри бизнис резултати.

Понудете стимулации

Ако сакате вработените да бидат лојални, освен пофалните зборови, треба да им понудите стимулации. Тие не само што ќе се чувствуваат повеќе мотивирани, туку ќе работат и на постигнување на целите на компанијата.

Прифатете ги нивните идеи

Поттикнете ги вработените да размислуваат “надвор од кутијата“. Ако мислите дека вашите идеи секогаш се подобри од другите тоа може да доведе до пропуштите одлични идеи. Понекогаш вработените имаат подобри идеи затоа што добиваат директни повратни информации од клиентите.

email