brain-1295128_960_720

Фото: Pixabay

Способноста на менаџерот да ги идентификува и управува личните емоции и емоциите на другите може да има големо влијание во достигнувањата на компанијата. Кога повеќето претприемачи бараат работници тие го гледаат претходното искуство, вештини и долгорочни цели на кандидатите. Овие фактори се важни, но друг клучен фактор за успех на вработените е и емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција се дефинира како способност да ги препознавате, разбирате и контролирате своите, но и туѓите емоции. Тоа значи дека личноста е способна да ги препознае своите емоции и да ги држи под контрола, да сочувствува со другите и да разбере како нивните емоции ќе влијаат на нивната работа.

Овие неколку работи посочуваат зошто емоционалната интелигенција е важна особина што треба да ја поседуваат вашите вработени.

Подобра комуникација

Емоционално интелигентниот работник полесно може да го разбере значењето и мотивацијата на колегите и полесно ги изразува своите лични мисли.

Справување во стресни ситуации

Работата може да биде стресна, но тој стрес се зголемува само кога некој ја губи својата контрола. Како вработените управуваат со своите емоции може да направи голема разлика на крајот. Емоционално интелигентните луѓе знаат како да се справат, додека оние кои не ја поседуваат оваа особина може само да создадат конфликт.

Го обединуваат тимот

Емоционално интелигентните луѓе лесно остваруваат нови социјални врски, бидејќи тие можат да се поврзат со другите и ефективно да комуницираат. Овие работници помагаат во обединување на тимот, нудејќи помош кога тоа е потребно.

Потребите на клиентите

Емоционално интелигентните личности не може да ги читаат умовите на клиентите, но може да читаат “помеѓу редови“, за да ги оценат емоциите на клиентот и подобро да управуваат со тешки и напорни ситуации.

Проактивност и предвидливост

Овие личности се подобри во предвидување на однесувањето и разбирањето зошто луѓето прават одредени работи. Тие можат да ги проценат предностите и слабостите на другите.