zume-pizza

Фото: Facebook

Zume Pizza, технолошки старт – ап од Силиконската долина во Калифорнија прави пици со помош на роботи, пишува Tech Crunch.

Стартапот користи роботи коишто со помош на луѓето ги прават пиците. Роботите се одговорни за нанесување и мачкање на кечап и ставање на пиците во рерна. Луѓето помагаат во подготовка на храната, во осмислување на рецептите, го тестираат вкусот и слично.

Zume Pizza ја продаде првата своја пица од роботи во април 2016 година, а Џулија Колинс, една од основачите, планира до крајот на 2018 година да го прошири својот бизнис во повеќе места во Калифорнија.

Таа и нејзиниот партнер Алекс Гарден се залагаат автоматизацијата да има поширока употреба во прехранбената индустрија. Роботите да ги прават сите оние “здодевни работи”, како што се: нанесување, мешање, носење, за луѓето да имаат повеќе време да се посветат на креативните нешта како создавање на нови рецепти и слично.

email