Фото: Pexels

Во животот секојдневно се среќаваме со ситуации што ја тестираат нашата волја, трпение и нерви. Во таквите моменти, мораме да се охрабриме самите.

Ова се 10-те реченици што треба постојано да си ги повторувате.

1. Не можам да контролирам се` што ми се случува, но можам да го контролирам начинот на којшто реагирам.

2. Подобро да направам грешка, отколку да глумам совршенство.

3. Ќе прифатам се` што ми стои на патот, спремен/на да дадам се` од себе.

4. За мене не постојат препреки, постојат предизвици.

5. Што побрзо закрепнам од “падот“, толку побрзо ќе ја достигнам целта.

6. Ако немам време за она што ми е важно, ќе престанам да ги правам работите што не ми се важни.

7. Нема да се кријам од своите стравови, тие не се тука да ме исплашат, туку да ми покажат дека вредам.

8. Ќе бидам најдобрата верзија од себе.

9. Следниот чекор во вистинска насока, не мора да биде голем, туку одлучен.

10. Ќе го славам секој мал успех, тие на крај ќе ме донесат до голема победа.