Фото: Pexels

Најуспешните луѓе на светот, советуваат како да имате блескава кариера. Секако, нивниот успех не дошол преку ноќ и потребни ви се повеќе години напорно работење, па и погрешни одлуки за да дојдете до успешен бизнис.

Применете некои од нивните совети и нема да зажалите.

Ако не можеш да го сонуваш, не можеш ни да го направиш – Волт Дизни

Потребни се 20 години да изградите репутација, а само 5 минути да ја упропастите. Ако ова го имате на ум, ќе ги правите работите различно –  Ворен Бафет

Иновацијата е она што ги одвојува лидерите од следбениците  – Стив Џобс

Не сум доживеал неуспех. Сум пронашол 10.000 погрешни начини за да направам нешто  – Томас Едисон

Секогаш избирам мрзелива личност да заврши тешка работа, бидејки, мрзеливата личност ќе најде полесен начин да ја заврши работата – Бил Гејтс

Најбрз начин да се промените себе е да се дружите со луѓе кои се она што сакате да бидете – Рид Хофман, ко-основач на LinkedIn.

Добро е да го прославите успехот, но поважно е да ја научите лекцијата од неуспехот – Бил Гејтс

Лесно е да дојдете до идеја. Тешко е да ја примените – Гај Кавасаки

Најголем ризик е да не ризикувате. Во светот што се менува премногу брзо, единствена стратегија којашто води до неуспех е да не преземете ризик – Марк Цукербег

Без разлика дали мислиш дека можеш или не можеш да направиш нешто, во право си – Хенри Форд