Ако постои една работа која луѓето ја потценуваат, тоа е влијанието на нивните секојдневни навики врз продуктивноста и квалитетот на живот.

Без разлика дали го признавате ова или не, сите ние имаме некои лоши навики. Долгогодишниот успех, од друга страна е резултат на добри навики. Позитивните односи со другите луѓе се резултат на добри навики. Еве кои навики мора да ги елиминирате, бидејки водат кон непродуктивност и несреден живот.

1. Постојано го проверувате телефонот

Главаната причина поради која мора да престанете да го проверувате вашиот телефон е затоа што веројатно ви го одзема вниманието. Луѓето не разбираат дека 99% од времето кога го проверуваат својот телефон е поради тоа што сакаат да го избегнат размислувањето. Кога сме соочени со некоја задача или препрека, постојано го проверуваме телефонот и со самото тоа си го одземаме вниманието од работата. Наместо тоа, потрудете се да ,,одолеете” кога работите нешто важно да го проверите вашиот телефон, затоа што најверојатно таму нема ништо важно, а и да има, може да почека.

2. Не слушате

Постојат два вида на слушатели. Првите се личностите кои седат наспроти вас и тивко и внимателно го следат секој ваш збор. Вторите личности се оние кои седат наспроти вас и воопшто не ве слушаат. Тие водат сопствен внатрешен дијалог. Немојте да бидете како вторите личности. Слушањето е уметност, а за активно да слушате, мора да ги исчистите мислите и да се фокусирате на разговорот. Зошто? Затоа што не постои нешто понекултурно и нешто што повеќе ја убива продуктивноста од реченицата: ,,Жал ми е, одлутав на момент – што кажавте?”

3. Правите милион работи истовремено

Мултитаскингот никогаш не е толку ефективен, како фокусирањето на една единствена задача. Луѓето кои прават повеќе работи истовремено, немаат јасна цел, а ни задача. Нивното внимание е поделено. Дури и ако успеат да завршат повеќе работи истовремено, ниедна од нив нема да биде многу квалитетна. Затоа, секогаш фокусирајте се на една задача, секако доколку сакате да имате квалитет, наместо квантитет.

4. Недостаток на припремање

Мора да сфатите дека ако не седнете да се спремите, нема да бидете продуктивни. Ако не сте го работеле вашиот проект неколку недели, ќе ви треба некое време за да се сетите каде сте застанале и што треба да направите. Продуктивноста не е прашање на момент. Многу работи водат до неа. Продуктивноста се зголемува со континуитетот што го имате во работата. Затоа, дури и ако имате само 10-15 минути на ден, вложете ги да ги вежбате вашите вештини и она што го работите секогаш да ви остане на ум.

Исклучете го телевизорот, нотификациите, а паузите користете ги за шетање во парк. Без премногу технологија, деновите ќе ви ,,станат” подолги и ќе почувствувате дека имате време да планирате работи за кои сте мислеле дека никогаш нема да ви се случат. Ако работите на тоа да се откажете од овие лоши навики, ќе се почувствувате дека живеете посреќен и поквалитетен живот.

Фото: Pixabay