Обрт на капитал е кружно движење на капиталот гледано како процес што ce обновува во определени периоди. Во овој процес капиталот минува низ област на производството и прометот, при што наизменично добива облик на паричен, производен и стоковен капитал.

Збирот на времето на производството и времето на прометот го сочинува времето на обртот на капиталот или едно вртење на капиталот. Брзината на обртот на капиталот зависи и од природата на гранката во којашто ce вложува, зашто секоја гранка има карактеристично производство што бара различен временски
период за создавање една заокружена целина на производ што ќе биде готов за продажба.

Во текот на еден обрт на капиталот на новиот производ ce пренесува само еден дел од вредноста на средствата на трудот. Другиот дел од нивната вредност останува во нив фиксирана. Затоа капиталот вложен во средствата на трудот е наречен основен или фиксен капитал. Капиталот, пак, што е вложен во предметот на трудот и работната сила е вредност што во целина ce пренесува на новиот производ во текот на еден период.

Затоа овој дел од капиталот ce наречува обртен или циркулационен. Брзината на обртот на капиталот влијае врз висината на годишната профитна стапка.