Фото: Pixabay

Магазинот Finance Central Europe ја прогласи Стопанска банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија во 2018 година.

Оваа банка, исто така, е најдобра банка по капитал, по добивка пред оданочување, а нејзиниот главен извршен директор, Диомидис Николетопулос е прогласен за најдобар банка во земјава.

Комерцијална банка, според магазинот, е најдобра банка според имотот, додека НЛБ Банка има најдобри резултати кога се во прашање поврат на имот (return on assets – ROA) и поврат на капитал (return on capital – ROE).

Шпаркасе банка, според лондонскиот магазин, е најдобра мала банка во земјава за 2018 година.

Во истражувањето на магазинот е опфатена листа на топ 100 банки, според капитал, профит, имот и поврат на имот и капитал, како и рангирање на банките во 13 земји од регионот: Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Албанија, Молдавија, Грција, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија и Црна Гора.