Фото: Facebook

Американскиот производител на гуми, Goodyear разви концепт на гуми што може да се користат за летечки автомобили.

Иако овие автомобили сè уште се научна фантастика, Goodyear би сакал да биде дел од тој пазар, пишува CNN. Станува збор за пневматиците под името Aero што може да функционираат како пропелери, кога возилото е во воздух, а што се спушти на земја, ја вршат нивната основна функција на гуми.

Во Aero пневматиците ќе бидат вградени сензори и вештачка интелигенција, што веќе ги има во некои автомобили, за да се следи состојбата на гумите и дава можност за “комуникација“ со други возила во сообраќајот.