Фото: Youtube

Airbus откри серија дизајни што ќе ги трансформираат кабините на авионот во легла за спиење и соби за состаноци, пренесува Dezeen.

Овој дизајн е создаден заедно со француската компанија Zodiac Aerospace, а концептот е долните делови на авионите – што најчесто се користат за товар, да станат кабини за спиење.

Авиокомпанијата има идеја да создаде таканеречени модули. Патниците прво ќе влегуваат низ модулот за пречек, каде што ќе биде рецепцијата. Тој ќе води до простор што може да има различна намена – игротека за деца или пак работилница. Следен ќе биде модулот за состаноци, целосно опремен за собири вклучувајќи и проектор за презентации.

Модулите за спиење, односно кабините ќе вклучуваат единичен кревет и простор за алишта и тоалети. Секој од овие “модули“ може да се замени за да се направи простор за товарни прегради.

Според Airbus, кабините за спиење може да се воведат во авионите А330 уште во 2020 година. Двете компании, исто така, бараат решенија за поголемите А350.

Ова не е прв пат Airbus да произлезе со алтернатива на стандардното патничко седење. Претходно, компанијата поднесе патент за одвоени патнички кабини дизајнирани да го забрзаат патувањето, а исто така откри и концепт за транспарентна кабина со виртуелен терен за голф.