Фото: IndieGoGo

Aizome постелнината е комбинација на античката јапонска уметност боење со индиго и модерен, иновативен пристап за создавање на органска постелнина што ја третира и смирува кожата при спиењето.

Природното индиго и висококвалитетниот органски памук, ја прават оваа постелнина еколошка и за околината.Ниско-квалитетните ткаенини ја иритираат кожата со токсини и го спречуваат правилното дишење. Хемикалиите што се користат во ефтините бои за ткаенина, како што се тешки метали или хлоробензени, може да се апсорбираат преку кожата, да се акумулираат во органите и да влијаат на централниот нервен систем.

Aizome е исто така анти-алергиска и спречува била каква иритација на кожата предизвикана од алергени. Сатенската текстура на ткаенината не дозволува да се разбудите со неуредна коса и отпечатоци на кожата од постелнината, а освен тоа спречува и предвремено стареење на кожата.

Иновативната постелнина е дело на старт-ап со седиште во Токио, Јапонија, а производот има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 40.087 долари од потребните 10.000.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.