Колку често ви се случува да седнете во кафуле или loungeбари да ви ја заборават нарачката, да ви донесат само едно мени, предолго да чекате да бидете услужени или уште подолго да добиете сметка?!

Новата македонска мобилна апликација “Ај на кафе“ ќе внесе нов иновативен начин на работење по локалите. Преку оваа апликација во вашето омилено кафуле ќе можете електронски да го погледнете менито, да повикате келнер, да направите нарачка, дури да ја проверите и вашата сметка.

Се разбира се ова ќе биде достапно во локалите каде ќе биде имплементиран новиот модерен начин на функционирање со кој ќе им се олесни работата и на вработените, не само на клиентите.

Тие повеќе нема да имаат потреба да ги паметат сите нарачки и секоја маса да ја внесуваат во компјутер, бидејќи и вработените преку нивниот мобилен уред ќе може да направат нарачка.

Самата апликација има и поддршка на повеќе јазици и е целосно бесплатна, а за повеќе инфо посетете ја веб страната www.ajnakafe.mk.