Организаторите на NASA Space Apps Challenge и на NASA Kids Space Challenge го најавуваат стартот на првата Академија за деца во Македонија за Storytelling, Animation and Movie Making што ќе им овозможи на младите учесници (на возраст од осум до 14 години) неповторливо мултидисциплинарно искуство, стои во соопштението.

Преку оваа Академија, ќе научиме како самите да креираме лик и приказна и како истата, преку stop motion техника и 2Д и 3Д анимација да ја споделиме со сите во форма на краток анимиран филм. Со ова директно ќе станеме дел од светот на видео игрите и анимираните филмови кој толку многу го сакаме без оглед на возраста.

Академијата започнува на 18-ти февруари и трае три ипол месеци.

Академијата која што е наменета за малку повозрасните, односно за млади на возраст од 15 до 26 години е Academy for 3D Animation, Motion Capture and Virtual Reality, која ќе ја реализираме заедно со светски познатата компанија од Македонија FX3X, а е единствена од ваков вид во регионот. Fx3x се тимот кој има работено на: Terminator, Avengers, James Bond, Fast and Furious, Transformers, X-Men, Mission Impossible, Spider-Man, Hunger Games, Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star Trek, се разбира на Marvel суперхероите, на оние од DC Universe и многу други. Секоја година три до шест филмови на кои имаат работено професионалците од оваа компанија добиваат номинации за Оскар за визуелни ефекти и анимација, а досега имаат и три филмови со оскари. На оваа Академија ќе ги изучуваме основите на анимирањето за после да преминеме на напредно моделирање и анимација и на крај да стасаме до motion capture и виртуелна реалност. Техниките за motion capture и виртуелна реалност љубителите на филмската уметност и игрите исто така ексклузивно и за прв пат ќе имаат можност да ги изучуваат оваа година во рамки на академијата за 3Д.

Академијата започнува на 15-ти февруари и трае шест месеци. За рани уписи до 31-ви јануари, следува попуст и за двете Академии.

Сметаме дека со постојаниот напредок на технологијата, 3Д моделирањето и виртуелната реалност земаат замав во сè поголем број на дејности, не само во филмската. Оваа единствена комбинација на технологија и уметност ќе придонесат кон развивање на твојот сет на вештини, креативност и талент во индустрија која ќе продолжи да еволуира, а најмалите ќе ги охрабри да ги раскажат своите приказни и да ја оживеат имагинацијата.