Алкалоид АД Скопје од вчера започна со исплата на дивидендата за минатата година, се вели во соопштението од компанијата.

Како што беше одлучено на Собранието на акционери на Алкалоид, дивидендата што ќе им се исплаќа на акцинерите ќе изнесува 243 денари нето, односно 270 денари бруто по акција.

Годинава акционерите добиваат за 8% повисока дивиденда во однос на минатогодишната исплата.