Фото:Pixabay

Добивката на сопственикот на Google, Alphabet, скокна за речиси 73% во првите три месеци од годината, што најмногу се должи на зголемените приходи од интернет рекламирањето, објави BBC.

Нето приходот во првиот квартал се зголемил на 9,4 милијарди долари од 5,4 милијарди долари годишно порано, при што се демантираа очекувањата на аналитичарите. Приходите скокнаа за 26% на 31,1 милијарда долари од 24,8 милијарди долари. Во текот на кварталот, гигантот за пребарување забележа зголемување од 3 милијарди долари од промените во сметководствените правила, како и добивка од 1,1 милијарда долари од размена на валути.

Alphabet ја оствари добивката и покрај стравувањата дека зголемувањето на трошоците и регулацијата може да ги поткопаат перформансите.

Според аналитичарите, најголем удел во зголемувањето на профитот се должи на повисоките цени за онлајн реклами на својот пребарувач Google, на видео сервисот YouTube и на социјалните мрежи.