Amazon овој месец престанува да ги нуди своите услуги за испорака на храна од ресторани, пишува CNN . Лани продажниот гигант ја повлече услугата од Лондон, а сега официјално го напушта бизнисот со ресторани и во САД.

Услугата за прв пат беше воведена во 2015 година во Сиетл, пред да се прошири во повеќе од градови низ земјата.

Од компанијата велат дека поголем дел од малиот број на вработени во услугата, веќе имаат нова позиција во Amazon, додека на останатите ќе им биде понудена помош да пронајдат нова работа во компанијата или надвор од неа.

Минатиот месец Amazon инвестираше во Deliveroo компанија од Лондон за испорака на храна, којашто функционира во 14 земји во светот, вклучувајќи ги Франција, Германија и Австралија.

Компанија ќе продолжи да испорачува храна до своите корисници преку Whole Foods, ланец супермаркети што го купи во 2017 година за 13,7 милијарди долари. Исто така испорачува храна и преку услугата за свежи намирници AmazonFresh.
Фото: Pixabay