Додека напредокот во технологијата за препознавање на лик постојано расте стартапите поврзани со сигурносни апликации се интересираат да ги направат поинтелегентни системите за надгледување.

Еден од нив е стартапот AnyVision од Тел Авив, Израел којшто си осигура 28 милиони долари од кампања за финансирање, пишува Tech Crunch. Компанијата со брз раст веќе има 130 вработени и планира до крајот на годината да отвори три нови канцеларии.

AnyVision моментално работи на неколку различни производи, а сигурносниот производ наречен “Better Tomorrow“ беше главниот фокус на компанијата. Во AnyVision веруваат дека нивното решение ќе биде подобрување на постоечките технологии за видео надгледување, и ќе придонесе за подобрување на приватноста.

Компанијата исто така креираше производ наречен FaceKey којшто ја користи технологијата за препознавање на лице, со што им овозможува на потрошувачите со телефони  да го користат нивното лице како метод за автентификација од два фактори во банкарски апликации.

AnyVision работи на други производи коишто ги вклучуваат спортот и забавата како и на платформа за анализа на продажба којашто се надеваат дека ќе ја претстават ова лето.

Фото: AnyVision