Горазд е ведро и весело дете на кое уште од мал не може да оди – дијагностицирано е проблем со колковите и колената. Детскиот живот го поминува во количка.

Но, решение постои – сега е на вистинска возраст кога опарациите можат успешно да се извршат во болницата Атлас во Белград!

Родителите на Горазд  ја посетиле оваа болница, направиле прегледи и им била закажана операција на 10 ноември 2018 година поради итност на случајот и возраста на Горазд. Операцијата на колковите и колената заедно со рехабилитацијата во Белград ќе чинат 14.000 евра.

Неговите родители, иако со ниски примања, преку акции цела оваа година успеале да соберат 10.000 евра, но потребни им се уште 4.000 за да можат да го однесат малиот Горазд на оваа за него животно значајна операција на закажаниот термин!

Да помогнеме Горазд да застане на нозе и да може да ги направи првите чекори во животот – самостојно!

Секој може да донира.