Фото: Apple

Технолошката компанија Apple во Њујорк претстави повеќе новитети од своето портфолио.

“Новиот iPad Pro е огромен чекор напред кон моќни, креативни мобилни уреди. Има целосно нов и потенок дизајн“, рече Филип Шилер, постар заменик претседател за маркетинг на Apple.

Тој додаде дека досега немало мобилен уред како што е новиот iPad Pro, поради големиот број на подобрени перформанси, како што се: прекрасен дисплеј, потенок дизајн, Face ID, подобрени камери, Apple Pencil, нови камери и сензори, USB поврзување, подобри и погласни звучници…

Овој iPad е тенок само 5,9 милиметри, што е и најтенкиот iPad досега. Цената на iPad Pro ќе се движи од 799 до 999 долари.

MacBook Air е изработен од 100% рециклиран алуминиум, ќе биде потенок (15,6 милиметри) од неговиот претходник и ќе тежи околу 1,25 килограми. За корисниците го има во две бои, сребрена и розова, а цената ќе се движи од 1.999 долари за основната конфигурација.

Пенкалото на Apple (Apple Pencil) во своето второ издание добива сосема нов дизајн. Магнетски се спојува со iPad Pro, а така поставен во исто време и автоматски се полни. Ќе поддржува и гестикулации за управување со различни функции.