Фото: Kickstarter

Arrim ONE е мултифункционална алатка којашто може да се употреби за мерење на прави линии, на радиус на кругови, агли и заоблени површини.

Производот има литиумска батерија што со едно полнење има капацитет за 1.000 мерења. Arrim ONE со поврзува со паметен телефон и е компатибилен со IOS, односно со iPhone X, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE и Android 8.0 или понова верзија.

Со оваа алатка може да се мери во: инчи, јарди, стапки, милиметри, сантиметри и метри, а прецизноста во мерењето е +/- 1.5 мм на 20 метри.

Корисникот мерењата ги контролира преку телефонот, а самиот уред има едно копче за исклучување и вклучување.Долг е пет сантиметри, широк три додека дебелината изнесува 1,5 сантиметар. Тежи само 35 грама и се поврзува со телефонот без или со футролата.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Чикаго, Илиниос и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 97.954 долари од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 18 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.