Британскиот производител на луксузни спортски автомобили, Aston Martin го претстави својот прв електричен автомобил.

Aston Martin Rapide E го има задржано својот препознатлив изглед за брендот, односно спортската елеганција на претходникот со два мотори на гас Aston Martin Rapide S.

Батериите за автомобилот со 602 коњски сили се сместени каде што стои V12 моторот. Според Aston Martin, возилото може да помине повеќе од 322 километри со едно полнење, а максималната брзина достигнува 250 километри на час.

Од компанијата најавија дека ќе бидат произведени само 155 вакви автомобили. Aston Martin понатаму ќе го остави производството на електрични автомобили на Lagonda, посебен бренд којшто ќе продава само луксузни електрични возила.

Автомобилот се очекува да чини околу 300.000 долари.

Фото: Facebook