Фото: Facebook

Комонвелт банката од Австралија призна дека изгуби банкарски податоци на скоро 20 милиони луѓе, пишува BBC.

Имиња, адреси, броеви на сметки и изјави што требаа да бидат уништени од подизведувач во 2016 беа зачувани на 2 магнетни ленти. Иако оттаму не добија доказ дека лентите всушност биле уништени, банката не им кажа на клиентите дека има потенцијален проблем.

Ова е последен од низата скандали во којшто е вклучен најголемиот заемодавач во Австралија.

Банката не може да поврди дека лентите коишто содржеле материјал од 15 години наназад, се уништени, а додаваат и дека истите не содржеле лозинки, ПИН кодови или други податоци што би можеле да бидат искористени за измами.

Главниот директор на Комонвелт банката Ангус Саливан го опиша инцидентот како “неприфатлив“ и се извини за било какви “непријатности и грижи“ што инцидентот ги предизвикал.