Фото: Pexels

Јапонската компанијата MUJI ги здружи силите со компанијата за автономни возила Sensible 4 од Финска за создавање автономен автобус, којшто ќе може се движи низ секакви временски услови, пишува Designboom.

Овој автономен автобус ќе има капацитет од 10 места за седење и шест за стоење.

Се очекува за прв пат да биде претставен во март следната година во Хелсинки, по што ќе почне да сообраќа во три градови во Финска, со цел да ја помине тест – фазата.

Дизајнот на овој автономен автобус е насочен кон справување со временските услови. Досега автономните возила ги одбегнуваат екстремните временски услови, како што се: силен дожд, магла или снег. Но, овој автобус има токму таква мисија, да се движи низ такви временски услови.