Фото: Pixabay

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2018 година е 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 19,6%; Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 6,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,4%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 21,5%.