Навиките во исхраната се стекнуваат уште од најмала возраст и директно влијаат на психо-физичкото здравје и развој на поединецотДури 31% од машките деца и 29% од девојчињата во Македонија имаат телесна тежина поголема од предвидената за нивната возраст. Од нив, 16% од машките и 13% од девојчињата се дебели. Ова го  потврдуваат статистичките податоци за нутритивниот статус на децата на возраст од 7 до 8 години од Институтот за јавно здравје. Тенденцијата за раст на бројот на дебели деца е последица на неколку фактори, од кои доминираат лошата исхрана, слабата физичка активност и седењето пред компјутери. Со тоа уште на мала возраст децата се соочуваат со ризици за хронични болести кои ги носи дебелината – нарушувања во метаболизмот на шеќерот, на мастите и на хормоните а значајно влијае и на квалитетот на животот.

Спречувањето на нарушувањата во исхраната кај децата е глобална цел на компанијата Beko. По неколку успешни светски активности преку својата платформа Јади како шампион (Eat like a pro), компанијата воспостави соработка со посебното основно училиште д-р Златан Сремец од Скопје. Донацијата се состои од кујнски апарати и уреди кои ќе се користат за подготовка на здрава храна за децата од ова училиште и на тој начин, Beko ќе придонесе до воспоставување здрави нутритивни навики кај младата популација.

Beko и Нептун, главниот дистрибутер на Beko за територијата на Македонија, ја врачија донацијата на ПОУ д-р Златан Сремец во рамки на регионалната турнеја Јади како шампион, што последниве два месеци се организира во земјите во регионот. Компанијата Beko организира и кулинарска работилница со нашиот најпознат Шеф Огненовски, кој работеше по рецептите од готвачот Јади како шампион, според кои се хранат играчите на фудбалскиот клуб Барселона. Покрај кулинарските работилници се организираа и наградни натпревари во подготовка на смути пијалоци за публиката и фудбалски натпревари за децата. Освен забавните содржини, посетителите на Скопје Сити Мол, викендов имаа можност да ја погледнат и да ја користат новата линија на вградливи и само-стоечки Beko уреди.

Шерафедин Бала, комерцијален директор за Beko Balkans, изјави:

“Децата јадат тоа што јадат и нивните херои – мајките и татковците, драгите воспитувачи и учители или омилени фудбалери. Во околностите каде што детската дебелина е сериозен проблем ширум светот, наша одговорност е да воспоставивме здрави прехрамбени навики, во своите семејства да создадеме цврста основа децата да се хранат здраво и да пораснат здрави. Со големата понуда на уреди со паметна и корисна технологија, којашто ја олеснува подготовката на здравата храна, Beko со гордост ги поддржува семејствата во целиот свет“.