Триесетото јубилејно издание на Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи во среда (04 Јули) во кафе-бар Чао (ГТЦ) во Скопје, со почеток од 19:00 часот, уште еднаш на своите посетители им носи екстра ексклузивни гости. 
 
Овојпат своите животни и бизнис искуства ќе ги споделат најдобриот македонски ракометар и капитен на македонската ракометна репрезентација, Г-дин Кирил Лазаров, извршниот директор на Вип, Г-дин Мислав Галер и извршниот директор на Спорт Лајф, Г-дин Горан Павичевиќ.​

Секој посетител на настанот добива едно кафе гратис од организаторот а картите веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн преку Купи Карти За Се на ОВОЈ ЛИНК или на фактура со претходна резервација на mkbizniskafe@gmail.com

Дружењето вообичаено трае околу 2 часа од кои првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување помеѓу присутните – најчесто луѓе од бизнис заедницата во Македонија.