Blackview е ултра издржлив смартфон, којшто според производителот не се крши, отпорен е на вода и секаков тип на нечистотија.

Освен тоа паметниот телефон има и опции за фотографирање и снимање видео под вода, издржува екстремно високи температури и е компатибилен со сите глобални провајдери на услуги.

Blackview е опремен и со воки-токи алатка што му овозможува на корисникот да биде во контакт во било која ситуација, односно онаму каде што нема сигнал. Благодарение на технолгија за брзо полнење, батеријата на телефонот се полни за само 3,5 часа. Уредот доаѓа и со безжичен полнач во три бои, црна, златна и сребрена, заштитен држач за телефон и специјален држач за на рака.

Смартфонот е дело на тим од Шенжен, Кина и има своја кампања на платформата Kickstarter, која што трае уште осум дена. Досега имаат собрано 377.219, од потребните 20.000 долари. Првите испораки се очекуваат веќе од следниот месец.

Фото: Kickstarter