Блог претставува онлајн магазин што прикажува низа текстови по обратен хронолошки распоред (од најнови кон постари). Може да бидат на најразлични теми, но има и такви блогови што се специјализирани за одредена област.

Од друга страна, влог е слично што и блогот, но само во поинаква форма. Додека преку блогот на читателите им се обраќате со помош на текст, влогот ја “раскажува“ приказната преку видео снимка. Оттаму доаѓа и поимот video log – vlog.

Влоговите на YouTube претставуваат голема маркетинг алатка за промоција на различни брендови. Причина за тоа е што на оваа интернет платформа има повеќе од четири милијарди прегледи. Податоците покажуваат дека околу 60 часа видео содржини се поставуваат на YouTube секоја минута, додека месечно се гледаат околу три милијарди часови видеа. Вкупно 800 милиони корисници го посетуваат овој канал за видео содржини секој месец. На дневна основа, на Facebook се прегледуваат видеа од YouTube, што временски изразено, е 500 години.

Влогерот најчесто има свој канал на YouTube, каде што своите ставови, мислења и искуства ги споделуваат со другите преку видео снимка.

Ако на блогерот му е неопходен пристап до интернет, лап топ… на влогерот му е потребна добра камера и софтвер за обработка на видео снимка.