BMW и Microsoft ќе соработуваа на нов проект наречен Open Manufacturing Platform (OMP) чијашто цел ќе биде да создаде еден отворен концепт за соработка и поттикнување индустриските иновации.

Иницијативата се очекува да ги поддржи паметните индустриски решенија коишто ќе бидат споделени од учесниците во OMP, вклучувајќи го автомобилскиот и поширокиот производствен сектор.

Целта на двете компании е да се забрза индустрискиот IoT развој, односно технологијата да помогне во развој на иновативни индустриски производи. OMP ќе се обврзе да изгради една отворена заедница каде што можностите за соработка ќе бидат еднакви за сите членови.

Моментално во фаза е формирање на поширока заедница на платформата, а регрутирањето на дополнителни партнери е во тек. Се очекува Советодавниот одбор на ОMP да биде во функција со почетна група од четири до шест партнери, а Microsoft  и BMW ги поттикнуваат другите производители и добавувачи, вклучувајќи компании надвор од автомобилската индустрија да се приклучат на заедницата.

Фото: BMW