Одделот на BMW за дизајн заедно со американскиот бренд за спортска опрема The North Face создадоа камп приколка направена од ултра лесен и водоотпорен материјал.

Материјалот е направен со помош на процес наречен nanospinning, преку којшто се креираат нано дупчиња коишто се минијатурни. Тие не дозволуваат водата да продре во него, а истовремено го пропушта воздухот за да се обезбеди максимална вентилација во внатрешноста,пишува Fox News.

Според North Face, материјалот е полесен и покомпактен од традиционалните варијанти на пазарот. Од BMW, пак, велат дека за дизајнот на концепт возилото биле инспирирани од концепт автомобилот Gina којшто исто така бил покриен со специјална ткаенина.

Камп приколката наречена Futurelight е опремена со кауч, маса и има доволно простор за двајца да преспијат.

Конструкцијата и е од карбонски влакна и стои на две безвоздушни тркала. Сè уште не се знае кога производот ќе биде ставен во производство.

Фото: BMW