Германскиот производител на автомобили BMW повлекува околу 324.000 дизел возила во Европа за да ја поправи техничката грешка што веќе предизвика пожари во моторот на автомобили во Јужна Кореја, пренесува Reuters.

Погрешен модул за рециркулирање на издувните гасови во дизел моторите на BMW предизвикал 27 моторни пожари во Јужна Кореја оваа година, поради што компанијата оттаму повлече 106.000 возила.

Сега BMW го проширува повлекувањето на свои автомобили и во Европа. Од вкупниот борј на возила околу 96.300 се во Германија.

Фото: Pixabay