Фото: Brava

Brava е иновативна печка што ја готви храната брзо со видливи и инфрацрвени светла. Нејзините димензиите се исто како оние кај микро печките и работи на сличен начин, пишува NewAtlas.

Технологијата којашто е вградена, односно миксот од инфрацрвена и видлива светлина и овозможуваат на печката да се загрее до 260 целизиусови степени за само 1 минута. Со самото ова, времето на готвење се намалува, што ја прави печката многу поекономична од стандардните печки.

За разлика од микро печките, Brava го пече оброкот и одвнатре, а корисникот може да гледа како се готви јадењето преку апликацијата за паметен телефон или преку малото вградено екранче на печката.

Во неа исто така има вградено и рецепти.