Фото: Facebook

Британската авиокомпанија Hybrid Air Vehicles (HAV) вчера во рамките на меѓународното авиошоу во Фарнборн, Јужна Англија ги објави деталите за тоа како ќе изгледа луксузната верзија на својот авион Airlander 10, пишува New Atlas.

Инаку компанијата уште минатиот октомври објави дека развива посебна линија на внатрешен дизајн којашто ќе биде наменета за туристи кои претпочитаат луксуз, но на првата проба во ноември претрпе неуспех.

Патничката кабина ќе биде долга 46 метри, што ја прави релативно поголема од кабините на повеќето авиони со единечен пад и ќе може да прими 19 патници плус екипажот. Дизајнот е на британската фирма Design Q, а со авионот ќе може да се лета и до три дена непрестано.

Фото: Facebook

Луксузниот дизајн опфаќа посебни спални со вградени туш кабини, Infinity Lounge со прозорци од подот до таванот коишто нудат комплетна видливост на целиот хоризонт, како и приватен бар каде што патниците можат да уживаат во своите оброци и пијалоци.

Фото: Facebook

Airlander 10 во моментов се смета за најголем авион во светот. Има четири дизел-мотори со турбокомпресор и користи аеродинамичен лифт како конвенционалниот авион со фиксни крила за полетување, а во воздух се одржува благоадарение на хелиумот.

Фото: Facebook

Дополнително, може да носи товар до 10.000 килограми и нема потреба од писта, што значи дека би можел да слета и на егзотични локации коишто се недостапни за редовните авиони.