Фото: Pexels

Бројот на туристите во февруари 2018 година изнесувал 41.182, а бројот на ноќевањата 89.301, велат податоците на.Државниот завод за статистика, Бројот на туристите во февруари оваа година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 11,7 %, а бројот на ноќевањата за 11,8 %.

Бројот на домашните туристи во февруари 2018, во однос на февруари лани, е зголемен за 8,1 %, а бројот на
странските туристи  за 13,8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за  25,4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4,3 %.

Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3 %, а кај странските има зголемување за 17,4 %.

Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17,2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17 %, а кај странските има зголемување за 17,4 %.