Александар Пичото од Швајцарскиот универзитет ECAL во соработка со француската технолошка фирма Oledcomm дизајнирaше лампа којaшто емитува LiFi, иновативната технологија што користи светлина за да испраќа податоци.

Уред којшто има вградено LiFi го претвора зракот светлина во електричен сигнал, пишува Dezeen.Така е и со оваа лампа којашто користи LED светло за да пренесе податоци преку светлосни бранови до соодветни уреди.

Лампата, C-224 исто така има инфрацрвени емитери коишто пак пренесуваат податоци низ невидливо светло со што и овозможува на LiFi врската да остане активна дури и кога светлото е изгасено.

LiFi е технологија, прв пат развиена на Универзитетот во Единбург, којашто користи светлосни бранови за пренесување на податоци наместо радио бранови како што користи Wi-Fi конекцијата.

C-224 е првенствено дизајнирана за користење во јавни библиотеки и дозволува четири хотспот конекции по лампа. Лампата е изработена од алуминиум со дифузер од плексиглас за да го распространи еднакво светлото. Инфрацрвените емитери се покриени со четири слоеви стакло за да го заштитат човечкото око.

Philips пред неколку месеци го најави нејзиниот премин во LiFi технологија. Најголемата компанија за светло во светот веќе ги инсталираше LED сијаличките на Philips со LiFi во просторите на компанијата за недвижнини Icade во Париз.

Фото: Pixabay