Camp365 е мала приколка што само за неколку минути лесно се трансформира во камп којшто може да собере шест лица. Нејзината висина изнесува 1,9  метри, а широчината 1,2 метри, а кога ќе се трансформира во приколка се добива простор од десетина метри квадратни и висина од 2,2 метри. Изумот е дело на инженери од Вашингтон, САД, а тежи 671 килограм, пишува Designboom.

Штом ќе се паркира со помош на механизам на подигање потребни се помалку од 10 минути за да се отвори. Во неа вклучени се кревет за двајца и уште четири помошни кревети на склопување. Приколката има алуминиумска заштита од ветер, двојна изолација, клима уред, греење, фрижидер и тоалет.

За да се добие финалниот производ биле направени 90 различни прототипови, а истиот се тестирал повеќе од 110 месеци.

Фото: Camp365