Фото: Caviar

Руската компанија за модни додатоци Caviar претстави еден од најскапите Iphone телефони што може да се купат на пазарот, пренесува Bussines Insider. IPhone X Tesla е обложен со јаглерод и злато и е првиот телефон од Caviar што има вградено сончева батерија.

Цените започнуваат од 4.000 долари па нагоре во зависност од желбите на нарачателот, а уредот доаѓа со дрвена футрола. Она што е интересно е самиот дизајн на телефонот, односно маската што не се вади. Моментално има два модели, со 64 GB и со 256 GB вградена меморија.

IPhone X Tesla може да се полни на сончева енергија или на ламби, а првиот ваков телефон ќе биде во сопственот на Илон Маск, токму поради неговите заложби за обновлива енергија.

Првично од компанијата објавија дека ќе се пуштат во продажба 99 телефони од овој модел, но сега бројката е зголемена на 999 поради големата заинтересираност..