Алберт Ајнштајн знаел напорно да работи, но точно знаел и кога треба да одмори. Еднаш има кажано: Јас немам специјални таленти, само сум пасионирано љубопитен.

Неговата љубопитност го поттикнала целиот свој живот да се занимава со научни идеи и проекти, кои и до ден денес се применливи, како на пример теоријата на релативност. Неговиот живот и пристапот кон работата нуди многу лекции доколку сакате да станете попродуктивни.

Работете како газда

“Имајте на ум дека покрај осум работни часа, секој ден има уште осум за опуштање, а тука е и неделата“, рекол Ајнштајн. Тој со години работел по 10 часа на ден, шест дена во неделата, покажувајќи огромна спосбност да се фокусира на работата подолг временски период, како и на интензивното размислување. Пред да стане познат професор работел во швајцарската патентна канцеларија во Берн, и обично својата работа ја завршувал  за само 4 часа, а потоа се посветувал на своите научни трудови.

Денес типичниот работен ден трае осум часа, пет дена во неделата, а многумина можат да земат и слободен викенд. Во секој случај обидете се како Ајнштајн да го користите своето слободно време, откако сте ја извлекле максималната вредност од својот работен ден.

Уживајте на сонцето како гуштер

“Нема телефони, никакви одговорности, апсолутен мир. Лежам на плажа како гуштер, дозволувајќи сонцето да ме пече, не читам весници, и не размислувам за т.н. свет“, знаел да каже Ајнштајн. Одлична идеја од овој научник за тоа како понекогаш треба да се исклучиме од целиот свет и од очекувањата на другите. Ајнштајн знаел напорно да работи, но исто така знаел кога да ги наполни батериите. Значи, и не е баш одмор ако го поминувате попладнето на сонце правејќи клучен извештај, или прегледувајќи ги вашите мејлови. Наместо тоа завршете што е можно повеќе обврски пред да отидете на одмор.

Не чекајте инспирацијата да ви дојде

“Новата идеја доаѓа изненадно и на прилично интуитивен начин, но интуицијата не е ништо друго туку резултат на претходното интелектуално искуство“, рекол Ајнштајн. Тој бил познат по тоа што размислувал за експериментите во коишто замислувал дека се вози по должината на светлосниот зрак или во лифт кој паѓа од вселената. Со други зборови, Ајнштајн не чекал неговата Теорија на релативноста да падне од небото. Наместо тоа, како што постојано ја развивал навиката својата работа да ја работи во континуитет, можел да ја препознае и вредноста на новите идеи кои се појавувале и во позадината на неговиот ум. Замислете си писател кој има сјајна идеја за приказна додека се тушира или менаџер кој сфаќа како да постапи по желбата на купувачот додека е во градината. Праксата ја отвара вашата потсвест за она што е можно.

Соочете се со проблемите

Задржувањето на работи кои нè прават депресивни или лути, не помага во нивното надминување. Мора сами да ги срушите, рекол Ајнштајн. Ајнштајн покажал способност за стоицизам. Наместо да се задржува на неуспесите во својот живот, какви што биле брачните проблеми и кариерата, тој ги користел препораките како мотивација да истрае во своите научни идеи.

Фото: Pixabay