make-things-happenФото: Pexels

Само што ја преточивте вашата идеја во стартап. Почетокот на бизнисот е најмакотрпен, затоа имајте ги на ум овие четири показатели што ќе ви помогнат да бидете носител на уште еден успешен бизнис.

Редовни клиенти

Клучно за успехот на еден бизнис е да имате лојани клиенти кои уште од самиот старт ќе бидат подготвени да ја платат цената што ја барате за производот или услугата што ја нудите. Можеби на почетокот вашите клиенти ќе бидат познајниците и пријателите, но колку побргу ја прошират веста за дејноста на вашата компанија, толку побргу може и да очекувате раст. Овде важи правилото – првиот впечаток е најважен.

Има перспектива

Клиентите веднаш можат да направат разлика дали сте го започнале бизнисот само за да заработите за живот или, пак, и покрај финансиската заработка, да направите некаква позитивна промена во општеството стремејќи се кон интернационално проширување на пазарот. Потрошувачите понекогаш се интересираат за долгорочните стратегии на компанијата во којашто ги вложуваат своите пари, затоа, секогаш имајте ја на ум стратегијата за бизнисот за следните пет години и чекорите за нејзино исполнување.

Транспарентност

Посветеност, интегритет и транспарентност се клучните карактеристики што ги поседува секој успешен бизнис. Наједноставен начин за да се избегне негативен публицитет е на потрошувачите редовно да им се даваат информации за најновите активности и проекти преку интернет страницата на компанијата и социјалните мрежи. Особено е важно да се ангажираат клиентите преку разни активности онлајн или на лице место.

Искрена комуникација

Секоја перспективна компанија редовно комуницира со својата публика, без разлика дали станува збор за добра или лоша вест. Не треба само да ги потенцирате успешните подвизи на својот бизнис, а да ги криете поразите и неуспешните договори со инвеститорите. Успешните бизниси се градат врз основата за искрен однос помеѓу компанијата и потрошувачот, а лојалноста се исплаќа.

За крај, и овие четири показатели не можат да ви гарантираат 100% успех. Но, доколку силно верувате во идејата што стои зад вашиот бизнис, во вредноста на производот или услугата што ја презентирате откако претходно сте извршиле темелно истражување на пазарот, успехот е неизбежен.