Фото: Kickstarter

Cleverly е палто кое има повеќе од 10 џебови, се пере во машина, не се пегла и не пропушта течности.

Направено е од еластин и полиестер, што најчесто се користи за атлетска опрема. Исто така има скриен џеб за таблет, како и соодветна торба за пакување при патување. Се растегнува според потребите на тој што го носи и се прилагодува на секое тело.

Не треба специјално оддржување, па може да се носи веднаш штом ќе се исуши после перење. Многуте џебови придонесуваат за максимална искористеност на палтото и за складирање на што повеќе предмети, од очила и таблет, до кредитни картички и слушалки.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Вашингтон, САД и има своја кампања на патформата Kickstarter. Досега има собрано 55.186 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 22 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.