Фото: Coca-Cola

Coca-Cola ги надмина очекувањата на Wall Street за остварен приход во последниот квартал за околу 300 милиони долари, објави Reuters.

Аналитичарите сметаат дека ова се должи на зголемената побарувачка на Coke Zero Sugar и на новите вкусови на Diet Coke.

Нето добивката на компанијата за три месеци, заклучно со 30 март, зголемена е на 1,37 милијарди долари или за 32 центи по акции. Минатата година во истиот период, нето добивката изнесувала 1,18 милијарди долари или 27 центи по акција.