Фото: Kickstarter

Comper е паметен топломер, којшто ја мери температурата на телото со допир на челото и е погоден новороденчиња, мали деца, но и возрасни.

Секое мерење на температурата е прецизно со можна минимална отстапка само до 0,2 целзиусови степени.

Comper има и компатибилна апликација за паметен телефон, со табела што ја покажува нормалната температура на телото, според возраста на бебињата. Освен тоа апликација вклучува и совети за деновите кога корисникот е болен и има висока телесна температура.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Хонг-Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 16.886 долари од потребните 9.938 долари, а кампањата трае уште 14 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.