Фото: Kickstarter

CrazyCap е специјално дизајнирано капаче за шишиња што ги уништува бактериите осветлувајќи ја течноста со ултравиолетови зраци (УВЦ).

Кога корисникот сака да провери дали водата од чешмата е чиста, го активира системот за проверка на капачето два пати преку допир при што LED светилката емитува УВЦ зраци во внатрешноста. Доколку сака да провери вода од езеро или река, го допира капачето пет пати за светлото да трае подолго.

Преку изложување на УВЦ зраците се уништуваат 99,9% од бактериите, вирусите, мувлата и алгите што можат да се најдат во водата. Со едно полнење на батеријата може да се третираат 45 литри вода од чешма или 18 литри вода од река или езеро.

Производот е дело на Microlyscs, старт – ап од Мајами и има своја кампања на платформата Kickstarter.

Цената на CrazyCap се очекува да биде 95 долари.